ПОВЕЌЕ

    Еве кои земји најмногу се грижат за своите работници

    Време зa читање: 2 минути

    Швајцарија е прогласена за најдобро место во светот за привлекување и грижа за квалификувани работници четврта година по ред.

    Земјата од Централна Европа ги остави Данска, Луксембург, Исланд и Шведска на светската листа за таленти, објавена во четвртокот.

    Швајцарија е пофалена за нејзиниот висококвалитетен образовен систем и фокусот на талент, како и за можноста да привлече професионалци од странство со висок животен стандард и силни плати.

    Данска се претстави добро во однос на еднаквите можности низ целото општество, а Луксембург се издвојува според постојаните инвестиции во својата работна сила во последните неколку години.

    Еве ги првите 10 земји на списокот со 63 пазари, главно предводени од Западна Европа:

    1. Швајцарија
    2. Данска
    3. Луксембург
    4. Исланд
    5. Шведска
    6. Австрија
    7. Норвешка
    8. Канада
    9. Сингапур
    10. Холандија

    САД го зазеде 15-то место, пласман зад Германија (11-то), Австралија (13-то) и Хонг Конг (14-то). Ирска е на 18-то место, Тајван на 20-то и Велика Британија на 23.

    Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка се на дното на листата, додека Индија и Монголија се на последното место на оваа листа. Србија не е опфатена со истражувањето.

    Годишната ранг-листа се обидува да обезбеди слика на фондовите за талент на водечките економии, а со тоа и на нивната глобална конкурентност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично