ПОВЕЌЕ

    Клучно правило до кое се држат бизнис генијалците

    Време зa читање: 3 минути

    Живееме во свет во кој се очекува да одговориме на пораки и е-пошта во истиот момент, час или ден. Темпото е брзо, потребни се и квалитет и квантитет, но има еден проблем: не останува време за размислување, а тоа е клучно.

    Секој деловен генијалец следи едно правило, а просечен човек скоро никогаш не го почитува. Станува збор за правилото на „Владеење на непријатната тишина“ кое отсекогаш било драгоцено.

    Но, сега е покорисно од кога и да е Тим Кук (Епл) и Џеф Безос (Амазон) ги водат двете највредни компании во светот.

    Гледано од страна, се чини дека двајцата се многу различни по природа. Сепак, можеби во работата и не се многу различни. Имено Кук и Безос се познати во нивните компании по фасцинантна практика: тие често го прифаќаат правилото за „непријатна тишина“.

    „Правилото на непријатната тишина“ значи следново: кога ќе се соочите со предизвикувачко прашање, наместо да одговарате, застанете и размислете длабоко за тоа како сакате да одговорите. Ова не е толку кратка пауза: тоа подразбира неколку секунди (10, 20 или подолго) тишина, со цел да се избегнат избрзани одговори.

    Уште во 2008 година, во една статија во списанието „Фортун“ се вели дека Кук честопати правел „непријатни паузи“ на состаноците, дури и до 30 минути. Тој го користи тоа време да ги прочита белешките во тишина, со цел да го подготви најдобриот одговор.

    Патем, тишината што трае извесно оптимално време ја советуваат и експерти од областа на човечките ресурси, кога се во прашање конкурсите за работно место. Тие велат дека е подобро да се молчи неколку секунди за време на разговор, отколку да се даде површен и просечен одговор.

    Кук и Безос, сепак, не се сами во практикувањето на „непријатни паузи“,  на Илон Маск честопати му се потребни 5 до 15 секунди да размисли пред да одговори. Исто така, и на Стив Џобс му беа потребни скоро 20 секунди да одговори на некои напади, со цел да излезе со најпаметниот можен одговор.

    Правилото за „непријатна тишина“ отсекогаш било вредно, како средство за емоционална интелигенција, бидејќи Ви овозможува да ги балансирате мислата и чувството, наместо едноставно да реагирате врз основа на емоциите. Но, денес, тоа правило е покорисно од  било кога, затоа што светот многу се смени: тој е понестабилен, постресен и поконкурентен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично