„Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, ја истакнува важноста на приоритетите во здравствениот систем. Тој објаснува дека додека евтините лекови се достапни за многумина, средствата треба да се насочат кон решавање на проблеми како што е оперирање катаракта, која е поскапа интервенции. Најави дека целта на ФЗО е овие операции да не се плаќаат и по цена да не се исполни предизборното ветување за бесплатни лекови за пензионерите.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот, на нашиот ЈуТјуб канал. Не заборавајте да притиснете „сабскрајб“ и да го следите нашиот канал!“
„Јас можам да гарантирам дека здравствените услуги за возрасните луѓе ќе се зголемат, во сите разбирања. Значи, сега тоа што го бараат пензионерите е повеќе катаракта операции во државна квота. Сега збориме за лек од 50 денари или за операција од 500 евра? Што треба да биде бесплатно? Јас ќе направам се, да сите катаракти во земјава се оперираат од државен буџет, од јавен буџет. Зборуваме за некаде околу 10.000 операции годишно.“