ПОВЕЌЕ

    Ќе има поголема регулатива за трговијата со биткоин

    Време зa читање: 2 минути

    Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика денес на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности поврзани со перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува Ројтерс.

    Биткоин во последните години излезе од својата мала „нишка на пазарот“, а сега го купуваат обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Некои дури земаат заеми за да го зголемат купувањето на таа криптовалута, чија вредност е скоро десеткратна од минатиот март.

    Сепак, нејзината главно анонимна природа предизвика загриженост дека може да се користи за перење пари и други незаконски активности.

    „Биткоинот е високо шпекулативно средство кое се користи за некои чудни зделки и некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, рече Лагард на конференцијата „Ројтерс“.

    Таа не наведе конкретни случаи во кои таа дигитална валута се користела за перење пари, но рече дека има информации дека се води кривична истрага против тие незаконски активности. Таа не даде повеќе детали за тоа.

    Секторот за крипто-валути сè уште е под лабава контрола или нерегулиран, иако постојат глобални стандарди во области како што е спречување на перење пари (АМЛ).

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично