ПОВЕЌЕ

    Кина го усвојува првиот „закон за крипто“ што ќе стапи на сила во јануари 2020 година

    Време зa читање: 2 минути
    Кина го донесе првиот закон во светот, специјално насочен кон регулирање на криптографијата и управувањето со лозинките, стапува на сила на 1 јануари 2020 година.

    Комитетот на 13-от Национален народен конгрес во Кина го донесе новиот закон со кој се уредува криптографијата на 26 октомври, кој ќе стапи во сила на 1 јануари 2020 година, пренесува CCTV.

    Според извештајот, новата регулаторна рамка има за цел да постави стандарди за употреба на криптографија и управување со лозинки.

    Новата регулаторна рамка ја утврдува улогата на Централната криптографска агенција, која би требало да ја води јавно криптографската работа, создавајќи упатства и политики за оваа индустрија.

    Нацрт-законот беше објавен на 7 мај во кинески билтен. Текстот е  фокусиран на централизираното управување со лозинки на владата и експлицитно не ги наведува криптовалутите, иако се фокусира на криптографијата, клучна компонента врз која се темелат криптовалутите како што е биткоинот.

    Законот ги гради основните темели за претстојната национална криптовалута на Кина, иако нема официјален датум за нејзино започнување, потврди кинески официјален претставник во месец септември.


    Можеби ќе ве интересира: „Новата официјална дигитална валута на Кина е речиси подготвена за употреба“

    Според Cointelegraph, кинескиот претседател Xi Jinping ја повика земјата да го забрза усвојувањето на технологија на блокчејн.

    Во меѓувреме, минатата недела, Mark Zuckerberg предупреди дека супериорноста на Кина во дигиталниот валутен простор може да го загрози американскиот долар. „Кина брзо работи за да започне слична идеја во наредните месеци. Не можеме да седиме тука и да претпоставуваме дека затоа што Америка е лидер денес, таа секогаш ќе остане лидер ако не иновираме“, рече тој во изјавата.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично