ПОВЕЌЕ

    КД фондови се ребрендира – отсега Џенерали Инвестментс АД Скопје!

    Време зa читање: 3 минути

    После постоење на повеќе од четвртина век, КД Фондови станува дел од меѓународната групација Generali!

    Со основањето на првиот словенечки инвестициски фонд – Galileo, во 1992 година и најстариот хрватски инвестициски фонд KD Victoria, КД Фондови стана предводник во индустријата на словенечките инвестициски фондови.
    По повеќе од една четвртина век, КД Фондови станува дел од меѓународната Групација Generali.

    Generali е независна групација за осигурување и управување со средства, основана во 1831 година, присутна во повеќе од 50 земји, со 71.000 вработени. Во 2017 година таа достигна 68 милијарди евра премии и 487 милијарди евра средства на управување. Според Fortune Global 500 извештајот, таа е една од 60-те најголеми светски компании. Резултатите од индексот произлегоа од анализата на продажбата, профитот, средствата и пазарната вредност. Generali Investments CEE е дел од Групацијата Generali и е најголемата компанија за управување со средства во Централна и Источна Европа со речиси 17 милијарди евра средства на управување.

    Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 36-тата седница на 7 август ги одобри измените и дополнувањата на Статутот на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје. Статутарните измени се однесуваат на промена на називот на фирмата на друштвото. Имено, се врши измена на називот на фирмата на ова друштво кое ќе продолжи да работи со нов целосен назив Друштво за управување со инвестициски фондови Генерали инвестментс АД Скопје и скратен назив Генерали инвестментс АД Скопје. Направената измена се врши заради извршено превземање на Групацијата „КД“ во која припаѓа македонското друштво за управување со инвестициски фондови од страна на Групацијата Генерали ЦЕЕ Холдинг од Чешка. Друштвото за управување се задолжува, по правосилноста на решението извршените промени да ги вгради во документите на фондовите.

    На 14.8.2019 година, Друштвото информираше дека извршните директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје, донесоа Одлуки за измени и дополнувања на Проспектите и Статутите на отворените фондови КД КЕШ ДЕПОЗИТ, КД БРИК, КД НОВА ЕУ и КД ТОП БРЕНДОВИ.  По промените, имињата на фондовите ќе го содржат новото име Генерали!

    Измените и дополнувањата ќе стапат во сила откако ќе бидат одобрени од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

    Пречистени текстови на проспектите и статутите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница по добивањето на одобрението на измените и дополнувањата.

    КД фондови учествува со речиси 27 милиони евра или 19,85% од вкупните 138 милиони евра со кои располагаат инвестициските фондови во земјава.

    На основа на искуствата од тековното работење, констатирана е и потреба да се промени делот на минималната уплата во фондовите.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично