ПОВЕЌЕ

    Џеф Безос, Марк Зукерберг и Тим Кук, повикани на сослушување

    Време зa читање: < 1 минутa

    Првите луѓе на најголемите технолошки компании Facebook, Apple, Amazon и Google денеска ќе присуствуваат на сослушување пред американските конгресмени, кои ќе се обидат да ја утврдат нивната пазарна моќ.

    Четворицата водечки менаџери на овие гиганти ќе одговорат на прашањата на конгресмените преку видео-врска за нивниот бизнис, монопол и нелојална конкуренција.

    Така, основачот на Facebook, Марк Цукерберг, ќе мора да се правда поради фактот дека со преземањето на Instagram и WhatsApp неговиот Facebook стана предоминантен во областа на социјалните мрежи.

    Шефот на Apple, Тим Кук, ќе мора да разјасни зошто Apple мора да добива од 15 до 30% од секоја продажба на нови апликации за мобилните телефони iPhone, главниот оперативен директор на Google, Сундар Пичаи, да го објасни монополот на неговата компанија во областа на интернет пребарувањата, а сопственикот на Аmazon, Џеф Безос за подрачјето на интернет продажбата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично