ПОВЕЌЕ

    Од студентски идеи, до јасна визија – Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

    Време зa читање: 3 минути

    Како изгледа иднината на дигиталните плаќања кога идеите ги создаваат младите генерации?

    Одговорот го дадоа студентите кои беа дел од првиот IutePay студентски иновациси предизвик– иницијатива на Иуте Македонија која ги поврза академската заедница и индустријата, отворајќи простор младите да креираат решенија за реални бизнис предизвици.

    Во изминативе недели, студентски тимови од повеќе високо-образовни институции низ земјава работеа на развој на иновативни концепти за лансирање на IutePay – новиот дигитален паричник на Иуте. Нивните идеи беа резултат на истражување, тимска работа, креативно размислување и желба да понудат решенија што ќе одговорат на потребите на новата генерација корисници.

    По првичната презентација на решенијата, беа избрани 10 храбри тимови и решенија кои излегоа надвор од комфор зоната, со што започна и јавниот дел од предизвикот. Специјално креираната платформа за онлајн гласање овозможи јавноста да ги поддржи своите фаворити, а за време на гласањето беше посетена повеќе од 50.000 пати, генерирајќи илјадници интеракции.

    И конечно…победниците:

    🥇 ГенВоЗен – Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), УКИМ-Скопје
    🥈 УМО – Brainster Next College
    🥉 TripleFun – Економски факултет, УКИМ-Скопје

    “Вечерва не наградивме само три тима. Прославивме генерација млади луѓе кои имаат храброст да создаваат, да иновираат и да ја обликуваат иднината. Целта на иницијативата беше многу повеќе од избор на победничка идеја. Таа беше создадена за да им дадеме простор на младите да размислуваат поинаку, да  предизвикаат статус кво и да покажат дека иднината се создава со храброст, знаење и визија“, истакнаа од Иуте.

    На завршниот настан, покрај официјалното прогласување на победниците, трите најдобри тимови ги претставија своите идеи пред присутните гости, претставници од академската заедница, партнери и медиуми.

    Вистинскиот успех на овој предизвик е  создавањето на простор каде идеите добија сцена, додека соработката помеѓу академијата и индустријата доби нова димензија.

    Иуте континуирано инвестира во дигитализација, иновации и создавање на нови искуства за корисниците.

    Но, исто толку важна е и инвестицијата во луѓето кои ќе ја креираат иднината.

    Затоа, IutePay студентскиот иновациски предизвик е само почеток на приказна која има за цел да инспирира нови генерации млади иноватори.

    Иуте упатува голема благодарност до сите тимови, соработници, партнери и членови на академската заедница кои беа дел од оваа приказна изминативе месеци.

    “Вашите идеи, енергија, ентузијазам и храброст се причината поради која веруваме дека најдоброто допрва доаѓа”, посочија од тимот на Иуте.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично