ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка известува за предвремена исплата на пензиите

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка АД Скопје ги известува своите ценети клиенти, дека, почнувајќи од 26-ти јануари 2021 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец јануари на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје и тоа на следниот начин:

    • од 26.1.2021 г. (вторник) на корисниците на Visa дебитните картички кои ќе можат да располагаат со средствата, безготовински – преку мрежата на банкомати или за плаќања во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, заради заштита на нивното здравје и превенција од ширењето на коронавирусот, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 26.1.2021 г. (вторник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 27.1.2021 г. (среда)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 28.1.2021 г. (четврток)
    • над 18.000 денари на 29.1.2021 г.  (петок)

    Средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат, апелираат од Банката.

    Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваат дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично