ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ | АДВОКАТ МЕРИ ВАСОСКА: Со купен имот вреден над 40.000 евра странец може да се стекне со право на престој во земјава. Кои се останатите услови?

    Време зa читање: 4 минути

    Македонија е земја со висока стапка на невработеност(14,5%), но и дефицитарна квалификувана работна сила. Под кои услови еден странец може да се стекне со престој во земјава во интервју за порталот “Пари“, објаснува адвокатката Мери Васоска од адвокатската канцеларија MeriVasoskaLaw.

    Васосока посочува дека еден од условите под кои странец може да обезбеди престој во земјава е како самовработен сопственик и управител на фирма, како и лице кое купило недвижен имот со вредност над 40.000 евра. Кои се останатите услови под кои може странец да престојува во земјава, Васоска објаснува подетално во интервјуто.

    Во моментов најмногу вакви дозволи се издадени на Турци и тоа за работа во градежниот сектор. Според Васоска, постапката за регулирање престој на странец во РСМ во компарација со другите земји од Европа не отскокнува и не е драстично поразлична.Можеби истата би била поолесната за апликантите доколку би се направиле промени во оценувањето на дигитално прибавената кривична и казнена евиденција со валиден QR код  и истата се смета за важечка и прифатлива.

    Пари: Дали странецот задолжително е обврзан да ангажира адвокат во постапката за регулирање на престој?

    Васоска: Не. Меѓутоа ополномоштувањето адвокат, посебно специјализиран за оваа правна материја се препорачува уште во најраната фаза на истата со цел избегнувањето на непосакувано одовлекување на постапката или нејзино неуспешно завршување поради нецелосната информираност на странката, не познавањето на правните прописи и рокови пропишани со истите.

    Пари: Кои се законските основи по кои еден странец може да се стекне со престој во Република Северна Македонија?

    Васоска: Престој може да стекне самовработениот сопственик и  управител на правно лице основано во РСМ,лицето кое  купило недвижен имот со вредност над 40 000 евра као и по основ вработување доколку сте квалификуван странски работник во правно лице основано во РСМ, по снов на студирање во РСМ или пак семејно обединување.

    Пари: Дали секој странски работник кој ќе биде вработен во правно лице основано во РСМ може да се стекне со престој?

    Васоска: Не. Првично покрај валидноста на потребната документија потребна за аплицирање за одобрување престој по основ на вработување, еден од побитните критериуми е докажувањето дека таков работник со тие квалификации кои адвокатот треба да ги предочи пред надлежните институции , во базата на невработени лица во РСМ нема.

    Пари: Од вашето искуство , кој е дефицитарниот кадар што  компаниите во РСМ  најмногу го увезуваат од странство?

    Васоска: Најголемиот број случаи на нашата канцеларија за регулирање престој на странец по основ вработување , се кавалификуваните профили на работници во градежниот сектор. Истите во моментов на нашиот пазар во најголем број се од Република Турција.

    Пари: Со оглед на вашето искуство во оваа правна проблематика дали имате некои предлози и иницијативи за олеснување на истата?

    Васоска: Постапката за регулирање престој на стрнец во РСМ во компарација со другите земји од Европа не отскокнува и не е драстично поразлична.Можеби истата би била поолесната за апликантите доколку би се направиле промени во оценувањето на дигитално прибавената кривична и казнена евиденција со валиден QR код  и истата се смета за важечка и прифатлива.Ова би значело и заштедување дополнително  време и средства за странката која некогаш е приморана да се врати до матичната држава со цел прибавување на истата.

    *Адвокатската канцеларија MeriVasoskaLaw e динамична, амбициозна и иновативна адвокатска канцеларија која се стреми кон воспоставување долгорочна соработка со клиентите на принцип на реципроцитет, меѓусебна доверба  и највисоки стандарди на професионална етика. Со новиот пристап на давање правна помош, настојуваме да ја измениме традиционалната улога кој адвокатската канцеларија  ја игра на регионалниот пазар, со цел да постигнеме супериорни резултати за нашите клиенти. Нашиот тим е константно достапен за советување и застапување на интернационалните клиенти во секој сегмент на имиграционото право.

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично