ПОВЕЌЕ

    ИЛОН МАСК АНГАЖИРА ПОЗНАТ ХАКЕР за да го поправи пребарувањето на Твитер

    Време зa читање: 2 минути

    Извршниот директор на Твитер, Илон Маск, се стреми кон подобрување на функционалноста за пребарување на веб-страницата, барајќи помош од познатиот хакер и долгогодишен критичар Џорџ Хоц. Во рамките на 12-неделното стажирање во Твитер, кој го договорил со Маск, Хоц ветува дека ќе го „поправи“ пребарувањето на Твитер и ќе воведе целосно нови функции, како што е можноста за пребарување во твитови кои се допаѓаат.

    Како првиот човек во светот кој направи jailbreak на iPhone, на Хоц не му е непознато како донесе нови опции на постоечките платформи (jailbreaking – отстранување на софтверските ограничувања кои намерно се поставени од производителот на iPhone уред, н.з,). Сепак, она што е најзабележително за приклучувањето на Хоц во Твитер е неговата претходна критика кон Маск, одбивајќи да работи за Маск во Тесла, тврдејќи дека може да развие подобар систем за самоуправувачки автомобили.

    Се чини дека двајцата ги оставаат своите разлики настрана поради заеднички интерес за градење подобар пребарувач на Твитер. Хоц доброволно ги понудил своите услуги во замена за трошоците за живот во Сан Франциско, а Маск навидум ја прифатил понудата. Тој ќе го документира имплементирањето на долго бараните функции кои се вообичаени во другите пребарувачи.

    Како прво, способноста да се испорачаат релевантни резултати кои не ги содржат точните зборови што се користат во барањето.

    Дополнително, Хоц собира идеи за обезбедување повеќе контекстуални резултати за автоматско комплетирање кога корисниците ќе напишат „од:“ во полето за пребарување.

    Хоц е ентузијаст за отстранување на известувањето за пријавување што се појавува кога одјавените корисници се движат низ резултатите од пребарувањето. По отстранувањето на скокачкиот прозорец, Hotz планира да имплементира начин на кој корисниците ќе пребаруваат во твитови кои се допаѓаат. Хоц, исто така, спомна дека функцијата за напредно пребарување на Твитер треба да се прикажува понавремено, иако тој не е задолжен за ажурирањата на интерфејсот.

    Надвор од тие промени, главно е непознато што ќе направи Hotz за да го „поправи“ пребарувањето на Twitter. Веројатно ќе дознаеме повеќе како што поминуваат деновите и неделите.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично