Сè поголем број аналитичари алармираат: Хормуз може повторно да се отвори, но производството на нафта во регионот нема веднаш да се опорави – а светските залихи на нафта се намалуваат. Иако во Ормускиот теснец сообраќајот мрдна од мртва точка по повлекувањето на поморската блокада на американската морнарица на иранските пристаништа, како што беше договорено во меморандумот за разбирање потпишан од претседателот Доналд Трамп, експертите велат дека сепак ќе биде потребно извесно време за да се надополнат светските стратешки резерви на нафта.
Добрата вест: Ормутскиот теснец е повторно отворен, откако Иран и САД потпишаа меморандум за разбирање оваа недела. Лошата вест: Можеби е предоцна, објави Си Ен Ен, потсетувајќи дека нафтата не излегува од Блискиот Исток речиси четири месеци. Сè на сè, светот изгуби 1,15 милијарди барели нафта за време на војната, според аналитичката фирма „Кплер“.
Тоа го остави пазарот на нафта во несигурна состојба и брзо се приближува кон точка на пресврт. Стратешките резерви на нафта на Меѓународната администрација за енергија се на најниско ниво од 1990 година. Американските резерви за итни случаи се на најниско ниво во последните 43 години. А комерцијалните залихи достигнаа нивоа на оперативен стрес.
Колку подолго е потребно за да се обноват тие резерви, толку е поголем ризикот од недостиг на нафта ако друг геополитички шок бара дополнително пуштање на нафта на пазарот. „Основите на пазарот на нафта не се променија толку многу без разлика дали овој договор беше потпишан вчера или за две недели од сега. Пазарот на нафта [моментално] е недоволно снабден“, вели економистот Марк Ерколао од TD Economics. „Ќе биде потребно многу време за да се врати тоа.“
Доколку Ормускиот теснец повторно се отвори, веројатно ќе има прилив од нафта кон глобалните пазари, што значи дека САД можеби ќе можат да ги намалат или да престанат да ги користат своите стратешки резерви кои се користеа во недостигот што остана од затворањето на теснецот за неколку месеци.
Но, ќе бидат потребни уште неколку месеци за работите да се надоместат. Тоа е затоа што товарните бродови се движат многу бавно, а објектите и инфраструктурата што беа оштетени за време на конфликтот треба да се поправат.
Стратешки складираната нафта од страна на индустриите и пазарите се нарекува Стратешки резерви на нафта (SPR), а многу земји одржуваат одредена количина нафта во овие складишта во случај на неочекуван недостиг на снабдување.
„[SPR] се наменети да помогнат во задоволувањето на глобалната побарувачка во време кога сегашните или нормалните извори на снабдување не функционираат толку добро. Сега, тоа имплицира дека има побарувачка и обично побарувачката ќе доведе до повисоки цени“, вели Ерколао.
Меѓународната агенција за енергија (IEA) бара од своите 32 земји-членки да одржуваат минимални резерви на нафта за итни случаи еднакви на 90 дена нето увоз на сурова нафта и нафтени производи.
Иако Кина има најголема стратешка резерва во светот, таа не е полноправна членка на IEA, што значи дека САД имаат најголема стратешка резерва од сите земји-членки на IEA.
И САД наводно гледаат како нивните стратешки резерви се намалуваат.
„За да се одржиме во текот на последните четири месеци, трошевме од резервите што вообичаено ги чуваме во случај на вонредни ситуации. И токму за тоа се таму. Но, работата е што тие резерви почнаа полека да се исцрпуваат“, вели професорот по економија Моше Ландер од Универзитетот Конкордија. „Всушност, сè уште не сме достигнале точка каде што нафтата е снемана, но се приближуваме опасно.“
Порано оваа недела, Министерството за енергетика на САД соопшти дека залихите на сурова нафта во стратешките резерви на нафта во САД паднале на 340,3 милиони барели, најниско ниво од 1983 година.
Тоа е помалку од половина од капацитетот од нешто повеќе од 700 милиони барели, според американската Администрација за енергетски информации.
Делумно, намалувањето е затоа што Соединетите Држави се согласија во март да придонесат околу 170 милиони барели сурова нафта од своите стратешки резерви за координираното ослободување од 400 милиони барели од страна на ИЕА, заедно со другите земји-членки, за да помогнат во смирувањето на пазарите на нафта.
(Фото: стратешки нафтени резерви во САД, ENERGY.GOV)
Аналитика








