Групацијата ЗК Пелагонија АД Битола ја заокружи првата половина од годинава со добивка пред оданочување од 6,13 милиони денари, зголемена за 112 насто во споредба со истиот лански период. Продолжува продуктивното и рентабилно работење, оценуваат од компанијата.
Подобриот резултат е остварен во услови на пад на приходите. Во првите шест месеци групацијата забележала оперативни приходи од 517,09 милиони денари. Тоа, пак, на годишна основа е за 13 отсто помалку.
И на расходната страна има пад, но послаб – за 4 отсто. Оперативните трошоци се во износ од 746,26 милиони денари.
Во структурата на оперативните приходи најголемо учество имаат приливите од продажбата. Според објавените податоци, тие изнесуваат 89,28 милиони денари и имаат удел од 81,40 отсто.
Покрај оперативното работење, ЗК Пелагонија во првото полугодие евидентирала и 139 илјади денари финансиски приходи, додека финансиските расходи изнесуваат 21.686 денари.
Во текот на шестмесечјето групацијата набавила основни средства во вредност од 33,013 милиони денари. Истовремено, продадени се основни средства со сегашна вредност од 6,657 милиони денари, при што е е остварена добивка од 635 илјади денари.
Од ЗК Пелагонија не објавуваат финансиски план за целата 2026 година. Причината е специфичноста на земјоделското производство, кое во значителен дел зависи од непредвидливите временски услови.
Аналитика








