ПОВЕЌЕ

    Худа Катан, основала бренд за убавина вреден милијарда долари

    Време зa читање: 2 минути

    Худа Катан,  кој успеала сама да развие бизнис и да се најде во светот на милијардерите,  вели дека не сака да работи со мажи кои се согласуваат со сè што ќе каже, и наместо тоа сака луѓе кои ги „оспоруваат“ нејзините ставови.

    Катан за „CNBC“, изјави дека ја интервјуира секоја личност што се пријавила да работи во седиштето на „Худа Бјути“ во Дубаи и дека ангажирала луѓе согласно начинот на кој размислуваат.

    Магнатот за убавина, чиј деловен бизнис согласно објавите на „Форбс“ се проценува на 1,2 милијарди долари во 2017 година, рече дека има исто ниво на вклученост со нејзините инвестиции во други деловни бизниси.

    Нејзиниот инвестициски фонд во почетната фаза од 10 милиони американски долари „Худа Бјути Енгелс“, кој започна во 2017 година, инвестира и обезбедува менторство за „жени кои започнуваат деловни активности наменети за жени“.

    Сепак, таа нагласи дека финансирањето не е „готово“ и дека работи „рака под рака“ со овие жени.

    Катан се опиша себеси како „тврдокорна феминистка“ и рече дека нејзините искуства започнувајќи како жена во бизнисот ја натерале да го создаде фондот.

    „Се борев многу како жена во бизнисот, каде што јас сум клучен носител на одлуки во компанијата.  Често се случуваше луѓето да го избегнуваат контактот со очи и да разговараат со мојот сопруг“, рече таа.

    Катан потенцира дека претприемачите треба да имаат цел за започнување на нивниот бизнис и не можат тоа да го сметаат само како „можност за правење пари“. Истакува дека немала „апсолутно никакви пари“ во првите седум години од нејзиниот бизнис.

    Катан, која дипломирала финансии, ја стартувала „Худа Бјути“, најпрво како блог и канал на Јутјуб откако ја изгубила работата.

    Потоа ги лансираше првите производи со низа лажни трепки. Катан има 3,84 милиони претплатници на нејзиниот канал на ЈуТјуб и 41,4 милиони следбеници на Инстаграм.

    Магнатот за убавина има нето вредност од 610 милиони американски долари и  се најде на листата на Форбс за 2019 година за најбогати жени кои самостојно го стекнале богатството во Америка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично