ПОВЕЌЕ

    „Хуавеј“ стравува дека може да биде исклучен од полската 5Г мрежа

    Време зa читање: 2 минути

    Планираните критериуми на Полска за проценка на ризикот од давателите на телекомуникациска опрема се политички и може да бидат насочени кон исклучување на „Хуавеј“ од развојот на 5Г мрежата во земјата, соопшти кинеската компанија.

    Соединетите држави велат дека опремата на „Хуавеј“ би можела да ја користи Кина за шпионирање, што е официјално негирано од „Хуавеј“ и Пекинг.

    Полска објави нацрт Закон за сајбер безбедност, со кој им се дава на заинтересираните страни 14 дена да коментираат.

    Законот вели дека давателите на телекомуникациска опрема, ќе бидат поделени во четири групи во зависност од нивната потенцијална закана за сајбер безбедноста на Полска врз основа на критериуми како на пример, дали снабдувачот може да биде под влијание на земја надвор од Европската унија или НАТО или дали нивната матична земја ги почитува човековите права.

    Критериумите што се предложени се политички, не се мерливи, не се транспарентни и не се објективни“, рече за „Ројтерс“ Ришард Хордински, директор за стратегија и комуникации во „Хуавеј“ во Полска.

    Предлог-законот вели дека телекомуникациските оператори нема да смеат да купуваат нова опрема од добавувачи што се смета за „висок ризик“ и ќе треба да ја заменат постојната опрема од тој снабдувач во рок од пет години. За снабдувачите со „умерен ризик“, забрането е само купување нова опрема.

    Аналитичарот на „Тригон ДМ“, Доминик Нишч,  рекол дека „Хуавеј“  веројатно ќе се класифицира како продавач со „умерен ризик“, што значи дека операторите нема да можат да купуваат нови материјали од него, но нема да мора да ја заменуваат опремата за 4G.

    „Плеј“, најголемиот мобилен оператор во Полска, чија мрежа се потпира во голем дел на опремата на „Хуавеј“ изјавил дека треба да го анализираат нацртот пред да го коментираат, додека „T-Mобајл“ не бил достапен за коментар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично