ПОВЕЌЕ

    H&M Ѝ „ДИШЕ ВО ВРАТ“ НА ZARA – Летната колекција донесе максимален профит за шведскиот бренд за облека

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите на модната куќа H&M достигнаа 16-месечен максимум во четвртокот, откако неговиот профит за вториот квартал ги надмина проценките бидејќи мерките за намалување на трошоците почнаа да вродуваат со плод, а неговата летна колекција имаше корист од потоплото време во Европа. H&M објави посилна од очекуваната добивка и рече дека нејзината продажба во третиот квартал е добар почеток, бидејќи трговецот на мало сака да го достигне модниот титан Inditex, сопственикот на ZARA, кој, барем засега, е конфекциски бренд со најсилни позиции и најголема заработувачка на светот.

    Во обид да ја промени својата бизис-стратегија, Inditex се обиде да ја зголеми својата модна привлечност за побогатата категорија купувачи нудејќи производи со повисоки цени, откако „брзомодниот“ кинески производител на ефтина облека Shein забврде поголем удел на пазарот со помалку скапа конфекција.

    Акциите на ЗАРА скокнаа за 11% и го достигнаа своето највисоко ниво од февруари 2022 година. Последен пат се тргуваа со 174,7 шведски круни.

    H&M ја зголеми продажбата на многу пазари и покрај притисокот на способноста за трошење на потрошувачите и „неповолните“ временски услови, рече извршната директорка Хелена Хелмерсон, додавајќи дека нејзината летна колекција добро започнала со зголемувањето на температурите низ северна Европа.

    Продажбите од 1 до 27 јуни се зголемија за 10% во однос на претходната година, што е добар знак за почетокот на третиот квартал на H&M. Колекцијата женска облека на H&M, како и силните перформанси од брендовите Cos и Arket, го поттикнаа зголемувањето на продажбата, рече Хелмерсон.

    H&M минатата година најави отпуштања и други намалувања на трошоците за кои рече дека ќе му помогнат да ги намали трошоците од втората половина на 2023 година наваму.

    Намалувањето на трошоците помогна оперативниот профит во вториот квартал да достигне 4,74 милијарди шведски круни (438,6 милиони долари), што е намалување од 4,98 милијарди една година порано, но многу над 4,07 милијарди предвидени од аналитичарите во анкетата на Refinitiv.

    H&M, кој затвори вкупно 303 продавници низ своите брендови во годината заклучно со 31 мај, рече дека нејзините нови отварања на продавници главно ќе бидат на „пазари за раст“, додека ќе ги затворат продавниците главно на етаблирани пазари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично