
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, оствари средба со претставници на германската компанија Heidelberger Druckmaschinen, на која се разговараше за развојот на инвестицискиот проект што, според информациите, се наоѓа во напредна фаза.
На средбата биле разгледани можностите за понатамошно унапредување на соработката, динамиката на реализација на инвестицијата, како и идните развојни планови на компанијата во земјава.

Димовски истакна дека оваа инвестиција ќе има значаен придонес за зајакнување на домашната економија и претставува уште една потврда за довербата на германските компании во деловното опкружување и потенцијалот за развој во Македонија.
Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на обезбедување стабилна и предвидлива бизнис-клима, како и на целосна поддршка на инвеститорите во сите фази од нивниот развој.
Од страна на компанијата била изразена посветеност за исполнување на сите услови потребни за навремена реализација на инвестицијата. Лукас Мухрингер истакна дека главната цел на компанијата е навремено исполнување на барањата на клиентите и континуиран развој на пазарот, при што инвестицијата во рамки на ТИРЗ претставува важен чекор во таа насока.
Аналитика








