ПОВЕЌЕ

    Халки штедна книшка како подарок за крајот на успешната учебна година

    Време зa читање: 2 минути

    Крајот на учебната година е време за размислување и исчекување на возбудливите можности што претстојат. Како што наближува летниот распуст, вистински момент е да се прослават постигнувањата на учениците. Но, тоа може да биде и идеален период во кој родителите и старателите треба да почнат да размислуваат за долгорочна финансиска сигурност и благосостојба на своите деца. А истата можат да ја обезбедат со почеток со штедење за своите најмили од нивна најрана возраст.

    Детското штедење Халки е еден од најпрепознатливите производи на Халкбанк АД Скопје, и истиот е наменет да им ги обезбеди на семејствата потребните алатки и ресурси за да започнат патување кон финансиска независност и просперитет на своите деца. Со отворање на детски депозит, се зголемува навиката за штедење и со дополнителни уплати на депозитот се создава посигурна и посреќна иднина за најмладите.

    Минималниот износ за отворање денарски детски депозит во банката изнесува 1.000 денари додека штедењето во евра може да започне со износ од 20 евра. Постапката е едноставна, со оглед на тоа што потребни документи за отворање детски депозит се лична карта или пасош од законскиот застапник – родител или старател и извод од матична книга на родените на детето. За секој новоотворен депозит, малите штедачи добиваат дизајнирана детска штедна книшка и брендиран Халки подарок.

    При штедење во денари, номиналната годишна каматна стапка изнесува 2% за период од 25 месеци, 2,5% за 36 месеци, 3% за 48 месеци и 3,5% за вкупен период од 60 месеци, односно 5 години. Кога се штеди во евра, каматата изнесува 1% за 25 месеци, 1,5% за 36 месеци, 2 проценти за период од 48 месеци и 2,5% за 60 месеци.

    Каматата за овој тип на штедење се исплаќа на крајот на периодот на орочување. Кај овој производ може да се вршат дополнителни уплати на депозитот и тоа на шалтерите на банката, со траен налог и преку електронско банкарство на родителот. Делумно повлекување средства пред истекот на периодот на орочување не е дозволено. За овој тип депозит можете да аплицирате и онлајн на следниот линк по што ќе бидете исконтактирани од страна на вработените на Банката за дополнителни информации.

    Повеќе информации за Детското штедење Халки се достапни на следниот линк.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично