ПОВЕЌЕ

    Халк осигурување доделува бесплатен тест за ковид-19 на сите корисници на нивна полиса

    Време зa читање: 2 минути

    ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД, како компанија која секогаш се грижи за своите клиенти, одлучи на веќе постојните корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување и сите нови кои ќе ја земат оваа полиса, да им додели по еден бесплатен тест за детекција на КОВИД-19 во приватните болници со кои има склучено договор.

    Имено, полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ претставува дополнување на основното задолжително здравствено осигурување и е достапна за сите граѓани на Република Македонија кои се заинтересирани за обезбедување на надстандардно лекување и покривање на трошоците за здравствени услуги коишто не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување.

    „Во ситуација кога сите сме погодени од пандемијата на ковид-19 во земјата, но и во светот, компаниите се ставени пред предизвик на кој начин можат да им помогнат на граѓаните во справувањето со оваа криза. Веруваме дека со овој чин ќе придонесеме во заедничките напори на граѓаните, здравствениот систем и воопшто целата заедница за што поуспешно справување со актуелната ситуација“, вели извршниот член на Одборот на директори, Суат Инан.

    „Здравјето на нашите осигуреници е на прво место, и токму затоа, Халк осигурување одлучи да им излезе во пресрет на сите нови и постојни корисници на полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување со тоа што ќе им обезбеди по еден бесплатен тест за ковид-19 во лабораториите на приватните болници со кои имаме склучено договор“, изјави Славчо Таушанов, извршен директор на Халк осигурување.

    Со Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк осигурување се обезбедува повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, вклучувајќи ги трошоците за покривање на здравствени услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствени услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи и кај правни лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски помагала.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично