ПОВЕЌЕ

    Халк банка: Имери и Иљов нови извршни директори и членови на УО

    Време зa читање: 2 минути

    Беркан Имери и Александар Иљов се именувани за нови извршни директори и членови на Управниот одбор на Халк банка. Одлуките се усвоените од Надзорниот одбора, а издадена е и претходна согласности од Народната банка, информираат од Халк.

    Во Халк банка АД Скопје Имери има стаж од петнаесеттина години, минати на различни позиции, а меѓу другото, бил и директор на секторот за управување и планирање на финансии, како и на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа. Во 2020 година е именуван за претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје, каде што дотогаш бил неизвршен член.

    Исто така, и Иљов зад себе има долгогодишно искуство во банкарскиот сектор. Уште од времето на ИК банка работи во доменот на продажбата и кредитирањето. Во Халк банка најмногу време има минато на позицијата директор на сектор во чии рамки спаѓа развојот на производи, продажба и маркетинг.

    Пред овие именувања, Халк банка ја извести јавноста дека и во наредните две години ќе биде предводена од Билал Суџубаши, кој на челната позиција е од 2017 година.

    Актуелниот состав на Управниот одбор го сочинуваат Билал Суџубаши како претседател и главен извршен директор, заедно со членовите и извршни директори Турхан Адеми, Беркан Имери и Александар Иљов.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично