ПОВЕЌЕ

    Билал Суџубаши реименуван за главен извршен директор на Халк банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Билал Суџубаши и во наредните две години ќе ја предводи Халк банка од позицијата главен извршен директор и претседател на Управниот одбор. Согласноста за реименување е добиена од Народната банка.

    „Согласно Решението на Гувернерот на Народна банка на Р. Северна Македонија издадена е согласност за реименување на г-дин Билал Суџубаши за период од 2 години.

    Билал Суџубаши ќе продолжи да ја извршува функцијата Главен Извршен Директор, Претседател на Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје“, наведено е во известувањето од Банката.

    На чело на Управниот одбор на Халк банка АД Скопје Суџубаши е од 2017 година. Во Халкбанк во Турција се вработил како службеник, а со текот на годините ја градел и кариерата, при што извршувал повеќе раководни функции од заменик раководител до директор за корпоративен маркетинг.

    Во Македонија Халк банка е една од петте големи банки. Постигнува солидни резултати, има доверба кај клиентите и значајна улога на домашниот банкарски простор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично