На плажата во познатото грчко летувалиште Пефкохори на Халкидики, беше пријавен инцидент во кој риба зајак (lagokefalos) нападнала туристка од Србија и ја каснала за глуждот додека влегувала во морето, известуваат српски медиуми.
Според нејзината изјава за грчката телевизија ANT1, инцидентот се случил додека таа била на плажа со група пријатели и влегла во вода длабока до колена. Кратко по влегувањето во морето, почувствувала остра болка во ногата.
„Реков: „Нешто ме гризе и не ме пушта“, а јас погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев како изгледа лагоцефалус, бидејќи бев информирана. Сфатив дека е тоа, се испаничив и почнав да ја тресам ногата за да ја отстранам, бидејќи ме касна и не ме пушташе. Веднаш истрчав од морето, бев во паника и почнав да плачам“, рече таа.
Грчкиот Црвен Крст издаде информативен памфлет наменет за капачите, со кој се даваат упатства за чекорите што треба да се превземат откако ќе се случи каснувањето на рибата-зајак:
-Веднаш исчистете ја раната со многу чиста вода и сапун.
-Избегнувајте употреба на антисептици освен ако не ви препорача лекар.
-Применете постојан притисок со чиста крпа или завој.
-Држете го повреденото место подигнато доколку има крварење.
-Побарајте медицинска помош што е можно поскоро – каснувањата може да бараат специјалистичка нега.
Во итен случај: Јавете се на 166 (брза помош) или 112 (европски број за итни случаи), стои во памфлетот на грчкиот Црвен Крст.
КОЛКУ Е ОПАСНА РИБАТА-ЗАЈАК?
Лагокефалусот (pufferfish) или рибата зајак, како што некои ја викаат поради карактеристичниот изглед на предниот дел на вилицата со по два заба способни за силен угриз, која во последниве години се повеќе се гледа во Грција и во други делови од Медитеранот, е една од групата инвазивни морски видови што пристигнале од Црвеното Море.

Оваа риба е позната по своите моќни заби, кои можат да ја оштетат кожата или да предизвикаат болни повреди, како и по својата токсичност, доколку се јаде.
Научните извештаи сугерираат дека каснувањата од Lagocephalus sceleratus се нова, но сепак невообичаена грижа за јавното здравје во Медитеранот. Најјасниот документиран случај опишува осумгодишно девојче во јужна Турција кое претрпело тешки повреди на прстите, вклучително и трауматска ампутација, откако било каснато додека пливало. Друг медицински извештај од Турција опишува продолжено воспаление по сомнително каснување од риба пуфер.
Пошироки студии и прегледи собраа дополнителни извештаи за каснувања од земји, вклучувајќи ги Турција, Грција, Кипар, Либија и Сирија. Сепак, многу од овие извештаи доаѓаат од интервјуа, медицински белешки или медиумски извештаи, а не од формални клинички студии на случаи. Генерално, доказите покажуваат дека видот може да повреди пливачи и рибари, иако потврдената научна документација останува ограничена.
Ако пливачот е каснат, непосредната грижа е самата рана. Лицето треба да ја исчисти повредата, да побара медицинска помош ако каснувањето е длабоко и да ја следи областа за инфекција. Далеку поголема опасност останува случајното или намерното консумирање на рибата бидејќи во нејзиниот џигер се наоѓа опасен нервен отров – тетродотоксин.
Научните извештаи сугерираат дека каснувањата од Lagocephalus sceleratus се нова, но сепак невообичаена грижа за јавното здравје во Медитеранот. Најјасниот документиран случај опишува осумгодишно девојче во јужна Турција кое претрпело тешки повреди на прстите, вклучително и трауматска ампутација, откако било каснато додека пливало. Друг медицински извештај од Турција опишува продолжено воспаление по сомнително каснување од риба пуфер.
Пошироки студии и прегледи собраа дополнителни извештаи за каснувања од земји, вклучувајќи ги Турција, Грција, Кипар, Либија и Сирија. Сепак, многу од овие извештаи доаѓаат од интервјуа, медицински белешки или медиумски извештаи, а не од формални клинички студии на случаи. Генерално, доказите покажуваат дека видот може да повреди пливачи и рибари, иако потврдената научна документација останува ограничена.
Ако пливачот е каснат, непосредната грижа е самата рана. Лицето треба да ја исчисти повредата, да побара медицинска помош ако каснувањето е длабоко и да ја следи областа за инфекција. Далеку поголема опасност останува случајното или намерното консумирање на рибата.
Вистинската опасност по јавното здравје доаѓа ако рибата се јаде. За разлика од обичното труење со морска храна, труењето со тетродотоксин може да биде исклучително сериозно, бидејќи токсинот влијае на нервниот систем и може да доведе до парализа.
Поради опасноста која овој инвазивен вид на риба го преставува за грчкото рибарство, грчката влада минатата недела објави дека почнува да нуди 5,33 евра по килограм за улов на рибата-зајак.
Аналитика








