ПОВЕЌЕ

    КОЧОСКА: НЕ Е ПРОБЛЕМОТ САМО ВО МАРКЕТИТЕ, ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА ЦЕЛИОТ СИНЏИР

    Време зa читање: 2 минути

    Цените во маркетите повторно се една од најчувствителните теми за граѓаните. Владата имаше средба со претставници на супермаркетите, а во јавноста се отвори прашањето дали станува збор за договор, притисок или предупредување. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека не треба целиот проблем да се сведува само на супермаркетите.

    Според неа, треба да се види целиот синџир — од увоз или производство, преку дистрибутери, до крајната цена во маркетите. Таа најавува дека Државниот пазарен инспекторат треба да анализира фактури за да се види каде се создаваат најголемите разлики.

    „Дискусија од нивна страна, кои се нивни размислување што се случува, дискусија од наша страна, предлог на Претседателот да ова е период во кој што и тие, како општествено одговорни компании, треба да подметнат грб ајде да кажеме и малку да помогнат во целата таа ситуација. При тоа, постојано во дискусијата се зборуваше за основните прехранбени производи.

    Целта на премиерот е комплетна заштита на граѓаните. И заради тоа се комуницираше повеќе во таа насока. Супермаркетите изнесуваа некои нивни размислување и проблеми кои што ги имаат во односно Законот за не фер трговски практики. Излезе од таа дискусија потреба и понатаму да се комуницира и со дистрибутери и со останати правни субјекти во целиот тој синџир, така што Владата ќе биде во постојана комуникација со сите овие правни субјекти.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично