ПОВЕЌЕ

    Гиро Хаус (Gyro House) прослави 2 години од основањето!

    Време зa читање: 3 минути

    Гиро Хаус (Gyro House Skopje) за само 2 години постоење успеа да постане бренд број 1 во сегментот за брза храна во Скопје! Тие се експерти за гиро, нивните гира се прогласени како најдобри во цела Македонија без конкуренција. Нема човек во Скопје, а пошироко, кој не ги пробал нивните гиро оброци. Како тренд се најпопуларни на социјалните мрежи (TikTok и Instagram), а преку TripAdvisor може да се каже дека кај нив скоро и да нема странец што доаѓа во Скопје а да не поминал до кај нив, во Центар карши Соборен храм, да ги проба овие вкусни надалеку познати гира!

    Вчера, 16.4.2024, Гиро Хаус прослави 2 години од основањето, а по тој повод имаше организирано прослава пред нивниот фаст-фуд ресторан во центарот на Скопје. На настанот имаше околу 100 гости меѓу кои беа нивни соработници, клиенти, добавувачи и пријатели. Основачот и Извршен директор Кристијан Угриновски по повод вториот роденден на Гиро Хаус изјави:

    „Ви благодарам за вашето присуство на 2-от РОДЕНДЕН НА „GYRO HOUSE“, се заблагодарувам и до целиот мој ТИМ што е покрај мене изминатиов период кој е од исклучително знaчење за нас! Изминативе 2 години се соочувавме со безброј предизвици и горди сме што издржавме силно до ден-денеска. Задоволни сме од досега постигнатото, а тоа се преку 200.000 услужени купувачи и постанување еден од најголемите брендови во фаст-фуд сегментот во Македонија! Нашиот фокус сега е иднината и понатамошниот развој на Гиро Хаус за која најавуваме многу новитети, уште поголеми успеси, изненадувања. Целта како бренд е да се зацврстиме на врвот во својата дејност, но и пошироко! Нека ни се множат годините и нека не пратат здравје и успех сите!“

    Да им посакаме и ние многу успех и уште многу направени вкусни гиро оброци! А, вие ако не сте ги пробале нивните гира, не знам што чекате!

    Одете во Гиро Хаус или пак нарачајте си онлајн. Дознајте повеќе за Гиро Хаус на нивниот веб сајт или на социјалните мрежи.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично