ПОВЕЌЕ

    Еврозоната во дефлација четврти месец по ред

    Време зa читање: 2 минути

    Веќе четврти месец по ред, Еврозоната е во дефлација.

    Според податоците што ги објави Заводот за статистика на ЕУ, „Евростат“,Инфлацијата во еврозоната беше минус 0,3 проценти на годишно ниво во декември, што е полошо од очекувањата на аналитичарите за 0,2 но во голема мера во согласност со самите проекции на Европската централна банка, останувајќи во негативна територија четврти месец по ред.

    Во декември 2019-та година, стапката на раст на потрошувачките цени во монетарниот блок со 19 члена беше 1,3 проценти, на годишно ниво. Од друга страна, декемвриската инфлација во Европската унија го забрза растот на 0,3 проценти од ноемвриското ниво од 0,2 проценти. Една година порано, тоа беше 1,6 проценти.

    Најниски стапки на инфлација на годишно ниво се регистрирани во декември во Грција (минус 2,4 проценти), Словенија (-1,2) и Ирска (-1), додека највисоки се регистрирани во Полска (3,4 проценти) и Унгарија (2,8 проценти) и Чешка (2,4).

    Во споредба со ноември, инфлацијата падна на годишно ниво во девет земји-членки на ЕУ, остана стабилна во осум, додека порасна во десет земји.

    Најголем придонес за годишната стапка на инфлација во еврозоната имаше услужниот сектор (плус 0,3 процентни поени), проследено со храна, алкохолни пијалоци и тутун (+0,25 п.п.), неенергетските индустриски производи (-0,14 п.п.) и енергија (-0,68 п.п.), се наведува во соопштението на „Евростат“.

    Продажбата на мало во еврозоната падна за 6,1% од месечно ниво за пад од 2,9% на годишно ниво. Во Белгија месечниот пад изнесуваше 15,9%, а во Франција 18,0%. Економистите, анкетирани од Ројтерс, очекуваа продажбата на мало во еврозоната да падне за 3,4% на месечно ниво и да се зголеми за 0,8% на годишно ниво.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично