ПОВЕЌЕ

    Епл планира производство од најмалку 75 милиони 5G iPhone телефони до крајот на 2020

    Време зa читање: 2 минути

    Apple побара од своите добавувачи да произведат најмалку 75 милиони 5G iPhone телефони во втората половина на оваа година, што е некаде во согласност со минатогодишната оценка.

    Ова значи дека побарувачката работи без проблеми, и покрај пандемијата, што значително ја погоди највредната американска компанија на почетокот на кризата.

    Нивното главно производство се одвива во Кина, а таа земја се опоравува од кoрона кризата подолго време и постепено се враќа на деловните активности.

    Според „Блумберг“, империјата со која управувал Тим Кук од добавувачите побара нови модели на паметни часовници, нов iPad Air и помал HomePod.

    Технолошкиот гигант, со седиште во Калифорнија, предвидува дека испораките на следната генерација на iPhone ќе достигнат дури 80 милиони единици оваа година, велат информирани извори.

    Покрај тоа, Apple планира да лансира четири нови модели во октомври со безжична брзина од петтата генерација, различен дизајн и поголем избор на големини на екранот. Меѓу другото, има и нов iPad Air со екран сличен на моделот iPad Pro, како и две нови верзии на Apple Watch.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично