ПОВЕЌЕ

    Елон Маск доби поддршка од Трамп, па се договори со локалните власти за повторно да ја отвори Тесла

    Време зa читање: 2 минути

    Основачот и генерален извршен директор на компанијата за електрични автомобили Tesla, Елон Маск, ја доби битката со локалните власти на округот Аламеда во Калифорнија за повторно отворање на фабриката во време на пандемија.

    Имено, во понеделникот, Маск соопшти дека Tesla повторно отпочнала со производство и покрај рестрикциите на локалните власти, кои беа наметнати како превентивна мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.

    Илон Маск тврдеше дека забраната ги нарушува неговите уставни права и се закани дека ќе ја премести фабриката надвор од Калифорнија доколку продолжи забраната (а Тексас веднаш се понуди како нов дом). Тој исто така ги повика локалните власти на Аламеда да го уапсат доколу сметаат дека тоа е правилната одлука.

    Веќе во вторникот, во поддршка на Елон Маск се јави американскиот претседател Доналд Трамп, кој на Твитер ја повика Калифорнија да му дозволи на фабриката да продолжи со производство, на што Маск јавно се заблагодари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично