ПОВЕЌЕ

    ЏОНСОН МЕТИ ПРАВИ И НАЈГОЛЕМИ ПРИХОДИ И НАЈГОЛЕМА ДОБИВКА, А КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ најмногу вработува

    Време зa читање: 3 минути

    „Пари“ ексклузивно: Табели со милионски суми во евра за 10-те компании кои се најголеми во земјава

    Во изминативе денови Пари ве водеше низ светот на стоте најголеми и најуспешни компании. Ви ги претставивме стоте најголеми по приход, стоте најголеми по добивка и стоте најголеми работодавачи за 2022 година.

    Овој серијал го заокружуваме со поглед поблиску на првите десет компании по приход, по добивка и по број на вработени, и го бараме нивниот заеднички именител.

    ДЕСЕТ НАЈГОЛЕМИ ПО ПРИХОД

    Во десетте најголеми компании е направен приход од 6,3 милијарди евра, а најголем дел направила првопласираната компанија Џонсон мети. Во првата десетка приходите се движат од 216 милиони евра на ЕТМТ енерџи, до 2,5 милијарди евра на Џонсон Мети.

    Како што може да се види од табелата, најголемиот приход е во компанија поврзана со автомобилската индустрија во технолошко-индустриска развојна зона. Од другите компании, предничат тие што се поврзани со нафтени деривати (Окта и Макпетрол) и енергетски сектор (ЕВН Хоме, ГЕН-И продажба на енергија, Те-То, Електродистрибуција, ЕТМТ енерџи). Во оваа табела ќе го најдеме и Кромберг & Шуберт Македонија БТ, кој е најголем работодавач во државава, како и една трговска компанија, а тоа е КАМ.

    Десет најголеми компании по приход во 2022 година

    ДЕСЕТ НАЈГОЛЕМИ ПО ДОБИВКА

    Компанијата што остварува најголем приход, Џонсон Мети, направила и најголема добивка, од 72,7 милиони евра. Но, ако се спореди со приходот од 2,5 милијарди евра, може да се каже дека има скромна профитна маржа од речиси 3 %.

    Ниту една друга компанија од десетте најголеми по приход не е во групата на десет најголеми по профит.

    Овие десет најпрофитни компании направиле 282 милиони евра профит, а профитите се движеле од 15,8 милиони евра на десетто пласираната Пивара, па сѐ до 72,7 милиони евра на првопласираната Џонсон мети.

    Десет најголеми компании по добивка во 2022 година

    ДЕСЕТ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ

    Што се однесува до најголемите работодавачи, може да се види дека, главно, тоа се странските инвеститори. Домашни компании по сопственичка структура се само Алкалоид и Макпетрол. Исто така, евидентно е дека од десетте најголеми работодавачи само четири се во Скопје.

    Десет најголеми компании по број на вработени во 2022 година

     

    КОЈ ДЕЛЕЛ ОТКАЗИ, А КОЈ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВАЛ – Анализа на 100 најголеми работодавачи

     

    БАНКИТЕ НАПРАВИЛЕ 50 ПРОЦЕНТИ ПОГОЛЕМА ДОБИВКА ОД ЛАНИ – Растеле каматите, кредитите, депозитите

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично