ПОВЕЌЕ

    КОЈ ДЕЛЕЛ ОТКАЗИ, А КОЈ НАЈМНОГУ ВРАБОТУВАЛ – Анализа на 100 најголеми работодавачи

    Време зa читање: 3 минути

    Обезбедувањето работна сила не е едноставна активност, особено ако се бара обучен кадар. Но, проблем е и појавата на прекубројност. За една година кај стоте најголеми работодавачи во Македонија, нивото на вработеноста е подигнато за 3.136 ново ангажирани лица, а вкупниот број на вработени во 2022 е 81.426.

    Ова се податоците од платформата БизнисМрежа.мк. за кои порталот „Пари“ веќе пишуваше, а во продолжение анализира – кои компании од друштвото на најголемите работодавачи подготвиле најмногу решенија за вработување, а кои – поделиле најмногу откази.

    КОИ ПЕТ КОМПАНИИ ИМААТ НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ?

    Две компании од 100-те најголеми работодавачи повеќе од двојно го зголемиле бројот на вработени. Станува збор за ВАН ХООЛ и за ЛИМАК. Така, Друштвото за производство, трговија и услуги ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ го зголемило бројот на вработени за дури 132%, од 371 во 2021 на 862 во 2022 година. Друштвото за градежништво, трговија и услуги ЛИМАК ДО имало раст за 120% – од 189 на 415.

    Во петте компании со најголем раст на вработени се и Друштвото за консалтинг услуги ТАСКФОРЦЕ БПО ДОО увоз-извоз Битола (80%), Друштвото за производство и трговија ДУРА АУТОМОТИВЕ СТРЕКЧЕРС ДООЕЛ Илинден (72%) и Друштвото за производство, трговија и услуги ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Тетово (43%)

    5 фирми со најголем раст на вработени меѓу 100-те најголеми работодавачи

    КОИ 5 РАБОТОДАВАЧИ ИМААТ НАЈГОЛЕМ ПАД КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ?

    Најголем пад на вработени од 100-те најголеми работодавачи има трговскиот синџир ЖИТО од Велес. Во 2021 биле 891 вработен, а во 2022 година бројот се преполовил, поточно се намалил за 53% и се свеле на 417 вработени.

    Потоа е Приватната агенција за вработување ДЕКРА АРБЕИТ МАКЕДОНИЈА Скопје (пад на вработени 21%), па Друштвото за услуги СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје (пад 17%) и на четвртото место со најголем пад кај вработените е Друштвото за производство, трговија и услуги СЕНАТОР МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје (пад од 16%). Петтата позиција ја делат три компании, со намалување од 14%. Тоа се Друштвото за производство и трговија со модна конфекција ОКИТЕКС ДОО извоз-увоз Скопје, Акционерското друштво за производство, откуп, ферментација и промет на тутун АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА Кавадарци и Друштвото за трговија и производство МАКПРОГРЕС ДОО Виница.

    5 фирми со најголем пад на вработени меѓу 100-те најголеми работодавачи

    Читајте: НАЈГОЛЕМИТЕ СТАНАЛЕ УШТЕ ПОГОЛЕМИ – „Пари“ ексклузивно: Кои се 100 најголеми работодавачи во Македонија?

    НАЈГОЛЕМИТЕ СТАНАЛЕ УШТЕ ПОГОЛЕМИ – „Пари“ ексклузивно: Кои се 100 најголеми работодавачи во Македонија?

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично