ПОВЕЌЕ

    ДОЛГОТ КОН ДРЖАВАТА ЗГОЛЕМЕН ЗА ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА – УЈП ја објави првата годинешна Листа на должници

    Време зa читање: 2 минути

    Првата годинешна Листа на должници што ја води Управата за јавни приходи брои 5.877 субјекти кои не ги расчистиле сметките со државата во вкупен износ од 11.509.677.366 денари или 187,1 милион евра. Долговите се лански, за плаќање стасале на 30 септември, но до 31 декември не се намирени. Во споредба со последната ваква листа објавена лани во декември, долгот е зголемен за 309.353.404 денари, односно за пет милиони евра. Обврските произлегуваат од ДДВ, од данокот на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

    Повеќето од должниците се граѓани – 3.915, а 1.962 се фирми. Бројот на првите е зголемен за 69 во споредба со претходно објавениот должнички попис, а на вторите е намален за седум.

    Од УЈП посочуваат дека нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.332.488.139 денари, што е противвредност на 184,26 милиони евра. Зголемен е за 268.957.462 денари (4,37 милиони евра) од претходната листа. На име царински давачки не се платени 177.189.227 денари (2,88 милиони евра), а во меѓувреме пораснале за 40.395.942 денари (656,,8 илјади евра).

    Ред. бр.Назив на должникот
    1ХАНТ ОСОЈ ТРЕЈД увоз-извоз ДООЕЛ Скопје
    2ОКИТНА ТРЕЈД увоз-извоз ДООЕЛ Скопје
    3ПИНЕ ГРУП Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ
    4ГРОФЛЕР ЛТД ДООЕЛ Скопје
    5СГСМ-ОИЛ&ГАС СЕРВИС-ПОДРУЖ.ВО СКОПЈЕ Р.МАКЕДОНИЈА
    6ДИАНИТА Д.О.О.Е.Л. СТРУМИЦА
    7КОМУНАЛЕЦ Ц.О. ЈАВНО ПРЕТПРИЈ.ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ ГОСТИВАР
    8АБИРА ПЛУС Д.О.О.Е.Л. КУМАНОВО
    9ТЕТОВО ЈАВНО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ Ц.О.ТЕТОВО
    10СПЕКТРА ЈЕОТЕК САНАЈИ ВЕ ТИЏАРЕТ АНОНИМ ШИРКЕТИ АНКАРА ТУРЦИ

    Инаку, нема промени во врвот на оваа листа, односно топ 10 должниците се на своите места, а на првите две веќе подолг период се „Хант Осој Трејд“ и „Октина Трејд“. Само по основ на ДДВ овие десет фирми и должат на државата 2.943.238.073 денари, односно 47,85 милиони евра.

    Неофицијално: Стопанска банка Битола одработи позитивна разлика од шест милиони евра!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично