ПОВЕЌЕ

    Добивката на ЦКБ намалена за 11,8 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Кредитирањето и приходите од камати бележат позитивни движења, а негативните се лоцираат кај депозитите, кај приливите од провизии, од курсните разлики, кај останатите приходи од дејноста. Намалена е и добивката на Централната кооперативна банка во однос на минатогодишниот деветмесечен период за 11,8 проценти.

    По одработените три квартали, профитот на ЦКБ изнесува 30.570.000 денари или 497 илјади евра. На 30 септември лани биле евидентирни над 563 илјади евра.

    За една година Банката ги зголемила одобрените кредити за 1,4 милиони евра. Па, оваа значајна банкарска активност сега е на нивото од 7.561.153.000 денари, односно 123 милиони евра. Од пресметаните и наплатени камати ЦКБ обезбедила 389.668.000 денари (6,33 милиони евра), што претставува зголемување од 21,76 насто. Што се однесува до нето-приходите од камата, тие се повисоки за 10,37 проценти и изнесуваат 246.170.000 денари или четири милиони евра.

    Депозитната база на ЦКБ е 10.487.202.000 денари, што е противвредност на 170,5 милиони евра. И тука има извесно намалување во споредба со истиот лански период. Според податоците од финансискиот извештај, разликата произлегува од делот депозити на банките, каде што има намалување – сегашната состојба е 17.429.000, а минатогодишната 629.446.000 денари. Депозитите, пак, на другите комитенти се 10.469.773.000 денари, а кај нив има раст од речиси шест проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично