ПОВЕЌЕ

    Динерс Клуб Македонија воведува новина во начинот на фактурирање на сметките

    Време зa читање: 2 минути

    Динерс Клуб Македонија информираме дека од 1 јануари 2021 година, воведува новина во начинот на фактурирање на сметките.

    Динерс Клуб Македонија започнува со издавање на сметка еднаш месечно, односно само на 1-ви во месецот, наместо досегашната пракса на фактурирање секој 1-ви и 15-ти во месецот. Aко датумот корепсондира со ден од викенд или неработен ден, фактурирањето ќе се префрли на првиот работен ден од месецот.

    Услугата едномесечно генерирање на сметката е апликативна по автоматизам за сите Динерс Клуб членови и не е потребно пријавување или каков било друг ангажман од Ваша страна. Условите за плаќање на сметката не се менуваат, рокот за плаќање на сметката останува 8 дена од датумот на нејзиното издавање, а сметката како и досега можете да ја платите во банка или преку е-банкарство. Согласно настанатата промена, од 1 јануари се донесува и нов Тарифник за надоместоци на услугите што ги врши Динерс Клуб, и истиот ќе биде објавен на веб страницата на Динерс Клуб www.diners.com.mk.

    Дополнително информираат дека заради празниците, првата сметка клиентите ќе ја добијат на 4 јануари, 2021 година , а следната на 1 февруари, 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично