ПОВЕЌЕ

    Десет странски компании во земјава заедно заработиле 340 милиони евра

    Време зa читање: 5 минути

    Десетте странски компании што работат во земјава и имаат најголем остварен профит – лани заедно заработиле нешто повеќе од 340 милиони евра. Меѓу водечките странски компании според добивките има фирми кои имаат  по двајца вработени, но има такви без ниту еден вработен.  „Таргет  Груп“ ги рангира Топ 10 странски компании што работат во Македонија. Нивниот профити се движат од 15 милиони евра до 77 милиони евра.

    Најголемата добивка во текот на минатата година ја направила странската компанија  ЏОНСОН МЕТИ. Оваа компанија која доаѓа од автомобилската индустрија лани имала добивката од 77 милиони евра. Сепак, минатата година оваа компанијата бележи намалување на добивката во однос на 2018 година кога изнесувала 97 милиони евра. Приходите на оваа компанија минатата година изнесувале 1,9 милијарди евра и се зголемени во однос на 2018 година кога изнесувале 1,7 милијарди евра.

    Лани просечниот број на вработени во ЏОНСОН МЕТИ бил 1 043 и во однос на 2018 година според бројот на вработени, оваа странска фирма лани се искачила на листата за шест позиции, бидејќи за една година го зголемила бројот на вработени за 161 лице.

    Профит во износ од 66, 3 милиони евра имала ЦМК Европа во текот на минатата година. Компанијата е од рударскиот сектор која според регистрираната дејност се занимава со трговија на метали и метални производи. Минатогодишните приходи во ЦМК Европа изнесувале 66,8 милиони евра. Лани во оваа фирма биле вработени само двајца, додека пак претходната година имала само еден вработен.

    Рудникот  САСА од Македонска Каменица  кој од ноември 2017 година е дел од Централ Азија Металс, специјализирана компанија за развој на рударство со седиште во Лондон, лани има добивка од 41,5 милиони евра. Во САСА просечниот број на вработени минатата година изнесувал 697 луѓе, а според приходот ова фирма од рудрскиот сектор во 2018 година била рангирана на 19 то место на листата ТОП 100 компании со вклучен државен сектор.

    Следува ЕВН Македонија со добивка во износ од 34, 4 милиони евра. Оваа водечка фирма од енергетскиот бизнис од 2006 та е дел од ЕВНАГ Групацијата од Австрија. ЕВН генерира високи профити, но со 222 вработени во 2019 та таа е рангирана на 192 то место.

    Профит во износ од скоро 27 милиони евра лани прави Македонски Телеком , фирма која се вбројува и во првите десет според остварените приходи во текот на минатата година. Во Македонски телеком просечниот број на вработени лани изнесувал 1 060, според овој критериум е рангирана на 23 то место. Бројот на вработени во текот на минатата година е намален за 69 во однос на просечниот број на вработени од 2018 година.

    Добивка од 24,1 милиони евра генерирала СИНОХИДРО КОРПОРЕЈШН ЛИМИТЕД , која доаѓа од градежниот бизнис – нискоградба. Според остварените приходи во 2019 година котира на 36 то место. Лани приходите изнесувале 70 милиони евра и се намалени во однос на претходната година. Во оваа странска компанија со кинеско потекло лани просечниот број на вработени изнесувал 145 и истиот е намален во однос на 2018 година за 85 лица.

    Следува Цементарница УСЈЕ, компанија со грчки капитал која лани прикажала добивка во износ од близу 20,3 милиони евра. Во компанијата лани се свртела сума од 82 милиони евра и во однос на претходната 2018 година приходите бележат раст исто како и добивката. Во Цементарница Усје лани просечниот број на вработени изнесувал 243 што ја рангира на 169 то место според овој критериум.

    МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ од Прилеп, компанија со грчко сопствеништво лани прикажала добивка во износ од 20,1 милиони евра. Според остварените приходи во 2019 та била на 82 то место. Компанијата лани бележи мал пад на приходите и на добивката во однос на 2018 година. Намален е и бројот на вработени во текот на минатата кога. Просечниот број на вработени лани бил 362 што ја рангира на 106 то место според овој критериум.

    Следна е ПИВАРА Скопје , компанијата која лани има добивка од 16 милиони евра и мал раст во однос на претходната година. Зголемени се и приходите, кои лани изнесувале близу 87 милиони евра, а во 2018 година 68 милиони евра.  Во оваа скопска компанија, која е во заедничко сопствеништво на Кока Кола ХБК од Швајцарија и Хаинекен Н.В. Холдинг од Германија, лани имало 371 вработен што ја рангира на 104 то место. Бројот на вработени е зголемен за 38 лица.

    Со добивка во износ од 14, 8 милиони евра следува акционерско Друштво за деловни менаџмент и други консултантски услуги КАМЕНИМОСТ КОМУНИКАЦИИ, консултантска фирма во која лани нема пријавено ниту еден вработен, а иста е состојбата и во 2018 година.

    *Во оваа анализа на листата ТОП 100 најсупешни компании додадени се и
    податоците за фирмите кои се во државна сопственост. Листата ТОП 100
    компании без државните фирми може да ја погледнете на следиот линк.

    Во следното продолжение „Таргет Груп“ ќе ги рангира ТОП 10 приватни компании со домашен капитал кои се водечки според добивката и бројот на вработени.

    Анализа на податоците: Таргет Груп

    Изработил А.Д

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично