ПОВЕЌЕ

    ДЕНЕС БОЈКОТ НА СИТЕ, од утре целонеделен бојкот на маркетите на Конзум во Хрватска

    Време зa читање: 2 минути

    На повик на платформата „Ало, инспекторе“ во петок во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на купувањето на сите производи и услуги, додека пак од сабота започнува еднонеделен бојкот на малопродажниот синџир Конзум.

    Бојкотот кој почна во Хрватска, за потоа да се прошири низ повеќето земји на Балканот, е знак на протест на потрошувачите поради високите цени. Во Хрватска тој се одвива истовремено кога стапува на сила и одлуката на Владата за директни мерки за контрола на цените на одредени производи, со која се прошири постојната листа од 30 производи со ограничени цени на 70 производи.

    Еднонеделниот бојкот на Конзум беше одлучен врз основа на анкетата што платформата ја објави на својата веб-страница и која траеше 24 часа на 5 февруари. Со одлука на потрошувачите, првиот малопродажен синџир што ќе биде бојкотиран една недела од сабота, 8-ми февруари до петок, 14-ти февруари е Конзум, но организаторите најавуваат дека „сите ќе дојдат на ред“.

    Анкетата забележа 211.638 гласови од 144.732 гласачи. За бојкот на Конзум се изјасниле 31,7 отсто од гласачите, потоа Плодин со 29,1 отсто и Студенац со 6,87 отсто.

    За потсетување, во средата навечер заврши еднонеделниот бојкот на три трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ и три производи – Кока Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергент за миење садови.

    Покрај неделниот бојкот, 7 февруари ќе биде трет последователен петок во кој се повикуваат хрватските граѓани да се воздржат од секаков вид плаќање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично