ПОВЕЌЕ

    Дали биткоинот стана безбедна инвестиција?

    Време зa читање: 3 минути

    Биткоин честопати e опишуван како „дигитално злато“ на 21-от век, но дали криптовалутата навистина е безбедно засолниште од финансиска несигурност и инфлација? Прашањето е тешко да се одговори, но постапките на голем број големи институции сугерираат дека биткоин станува попривлечен и долгорочно сигурен.

    Фирмата за деловна анализа MicroStrategy го предводеше институционалното купување на биткоин во текот на изминатите шест месеци, откако купи повеќе од 1 милијарда долари во биткоини по усвојувањето на криптовалутата како основно средство за трезорска резерва. Компанијата сега има приближно 70.784 биткоини.

    Во меѓувреме, Greyscale Investments е многу активен инвеститор во биткоин во последните неколку месеци и цврсто се етаблираше како најголем управувач со дигитални средства во светот. Инвестициите во биткоин се значаен придонесувач за нивното целокупно портфолио, со околу 648.000 биткоини проценети на над 20 милијарди долари, според најновите податоци на фирмата.

    Следејќи ги стапките на овие траги на биткоин, “SkyBridge Capital” започна свој фонд за биткоин во декември 2020 година. Skybridge е основан од американски финансиер и поранешен директор за комуникации во Белата куќа, Ентони Скарамучи, кој достави изјави за иднината на биткоин како безбедна инвестиција.

    Извршниот директор Скарамучи, објави преку Си-Ен-Ен дека биткоин е сè попривлечна опција за долгорочните инвеститори кои бараат засолниште од инфлацијата. 

    Биткоин и останатите криптовалути влегоа во свеста на многумина, бидејќи биткоин, Етериумот, и другите срества достигнаа историски достигнувања во текот на последните два месеци. Она што останува да се види е дали биткоинот навистина ќе стане помалку нестабилен и ќе ги оправда надежите на Скарамучи, Сајлор и други кои гледаат дека криптовалутата станува средство за безбедно засолниште во новата доба.

    Промена на перцепциите

    Постои чувство дека сегашниот бум на криптовалутите е инхерентно различен од претходните периоди кога имало значителни зголемувања на цените. Поттикнати од сила на институционален интерес, криптовалутите навидум стануваат пореномирана инвестиција за поединци и институции.

    Павел Матвеев, извршен директор на фирмата за плаќање криптовалути, “Wirex”, изјави за “Cointelegraph” дека перцепцијата на биткоин може добро да се менува и покрај фактот дека тој сè уште ја задржува својата озлогласеност за екстремна нестабилност на цените.

    Матвеев рече дека цената на биткоин е сè уште трипати понестабилна од индексот S&P 500, додека поновите движења на мрежата на вредноста се водени од макроекономски фактори како пандемијата и како резултат на фискалните мерки на владите за решавање на ситуацијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично