ПОВЕЌЕ

    Кој ќари 3,3 милиони евра од дивиденда од Комерцијална банка?

    Време зa читање: 2 минути

    Банката ја заврши 2020 година со бруто-добивка во износ од 2.067,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 155,1 милиони денари, нето-добивката на банката изнесува 1.911,9 милиони денари или околу 31 милион евра.

    Акционерите на банката уште на почетокот на годината донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.911,9 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 60% од номиналната вредност на акцијата, односно по 600 денари на една акција.

    Поради ограничувањата од Народна банка исплатата на дивидендата се одложи, но откако деновиве забраната престана да важи Комерцијална банка најави дека од 24 август почнува исплатата. Интересно последен ден на тргување со право на дивиденда е 9-ти август.

    Комерцијална банка има 5207 акционери. Вкупниот број на акции е 2 279 067. Најголем акционер е Адора Инженеринг. Градежната компанија во сопственост на Ванчо Чифлиганец  заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.

    Тоа пак значи ако се земе во предвид дека една акција чини 600 денари, од дивиденда од Комерцијална банка како најголем сопственик Адора ќе заработи 3,3 милиони евра.

    Адора инженеринг заедно со ЗСФ-КОМ ДООЕЛ беа најактивните купувачи на акции последните месеци. ЗСФ-КОМ градежната фирма на бизнисменот Фатмир Етеми заедно со поврзаните лица поседува вкупно 72.999 обични акции, односно има учество од 3,2 % во основната главнина на Комерцијална Банка АД Скопје. Тоа пак значи дека по основ дивиденда конкурентот на Чифлиганец, Етеми ќе се офајди 712 илјади евра.

    Инаку, останатите пари околу 9 милиони евра банката дел ќе стави во резерви, дел за инвестиции.

    Заради зголемување на вкупниот капитал на банката и на книговодствената вредност на акциите на банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 294,5 милиони денари да се издвои во резерви. Исто така, дел од добивката во износ до 250 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2021 година. Акционерите донесоа одлука и задржаната добивка од 2018 година во износ од 323 милиони денари да се прераспредели во резерви на Банката.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично