ПОВЕЌЕ

    Како одработи Комерцијална Банка во 2020 година

    Време зa читање: 3 минути

    Последните денови од јануари во финансиските кулоари се одбележани со анализи и прогнози околу движењето на цената на акциите на Комерцијална Банка. Иако можеби шпекулативните приоди се оние кои најбрзо се впиваат во инвеститорските одлуки, сепак од аспект на деловното работење на банката и нејзината поставеност и важност во финансискиот свет, анализа на финансиските извештаи треба да бидат основен параметар во носењето на одлуките.

    Вчера, преку јавноста беа објавени консолидирани финансиски извештаи за претходната година и токму тие ќе го определат идниот тек на настани поврзани со атрактивноста на акциите.

    Од аспект на билансот на успех забележителни се следните движења:

    • нето добивката на банката за 2020 година изнесува 31.4 милиони евра, што претставува пораст од 6% во однос на 2019 година, кога нето добивката изнесувала 29.6 милиони евра.
    • Главниот сегмент за ваквите резултати се приходите од камати кои во апсолутен износ се пониски од предходната година, меѓутоа со оглед на помалите каматните расходи, нето приходите од камати во 2020 година се во износ од 39.2 милиони евра, што претставува минимален пораст во однос на 2019 година.
    • Втората по големина ставка во приходите на банката се провизиите и надоместоците. Истите, на нето основа, бележат пад во однос на 2019 година и заклучно со 31.12.2020 на контото се прокнижени во износ од 15.5 милиони евра.
    • Најголем пораст е остварен кај ставката останати приходи од дејноста каде Комерцијална банка бележи 29.3 милиони евра, што е за 2.2 пати повисок износ во споредба со остварувањата од 2019 година, кога беа прокнижени 13 милиони евра. Со тоа оваа ставка е скоро дупло повисока од приходите од провизии и надоместоци, ситуација која во 2019 имаше сосема поинаков тек и разликата помеѓу двете категории изнесуваше 3.1 милион евра во корист на провизиите и надоместоците.
    • 2020 година Комерцијална банка била “подарежлива” кон своите вработени изразено преку вкупните трошоци за вработените. Контото се затвори со салдо од 16.7 милиони евра, што претставува пораст од 700.000 евра, во однос на 2019 година.

    Анализата на билансот на состојба ги сегментира следните текови:

    • Значително намалување на ставката кредити на и побарувања од банки. Во 2020 година салдото изнесува 16.5 милиони евра, што претставува намалување од 59.5 милиони евра во однос на 2019 година.
    • Интензивен пораст на вложувањата во хартии од вредност. Ако 2019 година се затворила со пласмани во хартии од вредност во износ од 212.7 милиони евра, минатата година салдото пораснало до ниво од 406.4 милиони евра.
    • На страната на обврските најголема ставка се обврските кон депозитите од останати коминтенти во износ од 1.8 милијарди евра, а со тоа продолжува трендот на зголемување на довербата во банката.

    Р.П

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично