ПОВЕЌЕ

    ЦГК: „ТРОШКИ“ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА, 90 отсто од општинските пари за спортските клубови

    Време зa читање: 2 минути

    Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Трошки за здруженијата на граѓаните во општинските буџети“.
    Истражувањето открива дека општините преку буџетската ставка 463 – наречена Трансфери до невладини организации – во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 отсто од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и во одредени општини добивале и по еден милион евра годишно, велат од ЦГК.
    Како што објавуваат од ЦГК, истражувањето ги покажало следниве клучни наоди:
    • Здруженијата на граѓани и фондациите не ја добиваат потребната финансиска поддршка од општинските буџети. Во просек општините во 2022 година доделиле за здруженијата на граѓани само 0,1 % од своите буџети.
    • Со исплатите на средства кон професионалните спортски клубови преку буџетската ставка 463 – Трансфери на невладини организации – се создава искривена слика дека поддршката на здруженијата на локално ниво е поголема од реалното.
    • Просечната вредност на доделените средства за здруженија на граѓани од општините во 2022 година изнесува скромни 75 илјади денари, а за спортските клубови шест и пол пати повеќе односно просечно по 488 илјади денари.
    • Најголем дел од парите што се доделени за НВО се за проекти од областа на социјалната заштита по што следуваат проекти од областа од културата и на животната средина. Речиси и да нема проекти од областа на доброто владеење, со што се оневозможува здруженијата на граѓани да дадат придонес во борбата против корупцијата и кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалните власти.
    • Јавните повици за доделување финансиска поддршка за НВО се објавуваат на веб-страниците на општините. Но, во нив најчесто не се наведени целите на повикот, висината на средствата, ниту критериумите за избор на предлог-проектите.
    • Повеќето од општините не ги објавуваат јавно имињата на организациите што добиле буџетска поддршка, ниту износот на доделените средства и нивната намена. А не се бараат од примателите на средствата ниту да доставуваат извештаи за реализацијата на проектите. Со овој пристап општините не овозожуваат транспарентен и фер пристап до средствата, како и увид во начинот на кои тие се трошат – со што се отвора простор за злоупотреби и корупција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично