Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Датум на објава: 04.07.2020

Време зa читање: < 1 минутa

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска паднаа под 43 американски долари под притисок на новиот бран на пандемијата на коронавирусот во САД, за кој инвеститорите стравуваат дека може да го попречи закрепнувањето на побарувачката на енергенси.

Цената на барел на лондонската берза падна за 56 центи на 42,56 долари.

Прочитајте и ...  Нарачките за храна се тие што му донесоа профит на Убер

На американската берза барел денеска се тргуваше за 58 центи пониско, односно за 40,07 долари.

Берзит вчера беа охрабрени со податоци за 4,8 милиони нови работни места во САД во јуни и расположението беше поддржано со падот на американските залихи на нафта.

Денеска вниманието се префрли на повеќе од 55.000 новозаразени во САД, најмногу од почетокот на пандемијата. Се стравува дека ширењето на заразата може да ги присили компаниите да прекинат со работа.

Прочитајте и ...  Цената на акциите на Фејсбук порасна за 6% откако Трамп ја издаде забраната врз TikTok и WeChat

Тагови: вредност, коронавирус, мерки, нафта, пандемија, работни места, цени,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: