ПОВЕЌЕ

    Интернационален Картичен Систем АД Скопје КаСис со нови платежни продукти

    Време зa читање: 2 минути

    Интернационален Картичен Систем АД Скопје – КаСис, процесор за обработка на трансакции со платежни картички и биро за персонализација, за првпат на македонскиот пазар, започна да нуди персонализација на нови „платежни продукти – минитаг и стикери“.

    Овие продукти претставуваат замена за досегашните стандардни платежни картички, и се во насока да овозможат модерен и брз начин на бесконтактни плаќања. Новитетот е реализиран во соработка со Гемалто и АустриаКард, реномирани производители на платежни продукти.

    Менаџерскиот тим на КаСис АД и во 2020 година останува посветен на полето на дигиталните технолигии стремејќи се македонскиот финансиски сектор да биде во чекор со светските трендови во сферата на работењето со платежни картички и новите начини и канали на плаќања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично