ПОВЕЌЕ

    Буџетот на ЕУ за 2022 година ќе биде вреден 167 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Европската комисија предложи заедничкиот буџет на ЕУ за следната година да изнесува 167,8 милијарди евра. Буџетот ќе биде дополнет со околу 143,5 милијарди евра неповратни средства во рамките на Фондот за обновување на ЕУ.

    Средствата кои се наменети за поддршка на земјите кандидати и потенцијални кандидати во 2022 година ќе изнесуваат 1,9 милијарди евра, според предлогот на Комисијата.

    Европската комисија вели дека средствата од буџетот ќе бидат насочени кон зајакнување на економијата на ЕУ и нејзините партнерства, заштита и создавање нови работни места, а приоритетот ќе биде насочен на зелениот и дигитален развој.

    – Предлагаме финансиска поддршка за зајакнување и закрепнување на Европа од здравствената и економската криза. Ние ќе им помогнеме на луѓето, компаниите и регионите кои се најпогодени од пандемијата. Ние ќе инвестираме во отпорноста на Европа и нејзината модернизација преку зелена и дигитална транзиција. – рече еврокомесарот за буџет Јоханес Хан, пренесува Танјуг.

    Буџетот на ЕУ за 2022 година е дел од повеќегодишниот заеднички буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година, кој изнесува 1,074 милијарди евра, односно е дел од вкупниот пакет за закрепнување од 1,824 милијарди евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично