„Индустријата на „брзи“ кредити долго беше под жестоки критики. Зошто во јавноста беа на лош глас? Дали за тоа придонесе што пред 2022 година ова беше либерален и слабо регулиран сектор. Имаше злоупотреби, а луѓе користеа фалсификувани документи, а финансиските друштва беа и жртви и учесници. Нерегулираноста доведе и до презадолженост кај некои граѓани, бидејќи немаше јасни лимити за тоа колку може да се задолжи еден клиент.
За деталите, Горан Теменугов разговара со Биљана Мишиќ од Иуте Македонија во „Каде се парите“. Следете не!“
„Во рамките на сè оно што се случувало пред 2022 година, јас доаѓам од многу високо регулирана индустрија, 18 години бев дел од банкарскиот сектор и од таа перспектива сум ја следела ситуацијата во тоа време, се соочија не само финансиските друштва, току и банките, и телеком индустријата и сите останати услужни дејности со еден бран на фалсификати, кои што беа злоупотребени од страна на поединци и кои што беа искористени за да се доби одредена материјална корист на поединци.
Во сето тоа не бевме изземени ни ние, како и целата плејада на индустрија, каде што постоеше платформа која што овозможуваше да биде злоупотребен документ за лична идентификација и да средствата има обид да се извлечат од финансиското друштво. Ние како финансиското друштво, кога го воочивме тој проблем, и за истото имаме пријавено преку 50 случај каде што има обид за злоупотреба на личен документ и обид за фалсификување на документ за вработеност.“
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.