Имено, цената на Биткоинот, според последните податоци на платформата за трговија Коиндеск, се зголеми на 54.550 долари за една паричка.
Ова е втор пат како пазарната вредност на најпопуларната светска виртуелна валута ја крши пазарната вредност од еден трилион долари во последните 18 дена. Биткоинот најпрво ја надмина пазарната капитализација од една милијарда долари на 19 февруари, останувајќи на тоа ниво неколку дена, по што падна под таа граница.
Од почетокот на оваа година, биткоинот зајакна за 80 проценти, а во последните 12 месеци неговата вредност се зголеми за 570 проценти. Биткоинот ја забележа највисоката цена на сите времиња, 58.332,36 долари, на 22 февруари.
Неколку фактори придонесоа за нејзиниот вртоглав пораст, вклучително и зголемениот интерес на големите институционални инвеститори, како и инвестициите од корпорации како Тесла, Сквер и Микростратегијците во оваа крипто валута. Кинескиот производител на апликации Меиту во неделата исто така објави дека купил не само биткоин, туку и втора по големина криптовалута во светот, етереум.