ПОВЕЌЕ

    Од февруари Шпанија ги заострува регулативите за рекламирање криптовалути

    Време зa читање: 2 минути

    За да се осигура дека инвеститорите се свесни за ризиците поврзани со криптовалутите, Шпанија одлучи да ги заостри правилата за рекламирање криптовалути, објави неодамна државниот берзански регулатор. Новите правила стапуваат на сила во февруари. Рекламирањето на нерегулирани криптовалути, каков што е биткоинот, нагло порасна, главно по заслуга на разни инфлуенсери преку социјалните мрежи, што го привлече вниманието на регулаторните тела ширум светот, пишува SeeBiz.

    Според новите правила, кои ќе стапат на сила во Шпанија следниот месец, рекламите за криптовалути ќе мора да бидат „јасни, избалансирани, непристрасни и незаведувачки“, според шпанската владина агенција CNMV, која е задолжена за регулирање на берзата, се вели во соопштението.

    Рекламите исто така ќе треба да вклучуваат информации за ризик, поставени на видно место. Освен тоа, давателите на крипто услуги ќе мора да го известат регулаторот најмалку десет дена однапред за сите свои планирани реклами наменети за најмалку 100.000 луѓе. Овие правила ќе важат и за промотивни активности и рекламирање во име туѓо име што е честа пракса на влијателни луѓе.

    Во ноември минатата година, регулаторот ја „нападна“ и шпанската фудбалска ѕвезда Андрес Иниеста, откако тој промовираше криптовалути на своите социјални мрежи. CNMV на Twitter му одговори на славниот фудбалер дека би требало да научи повеќе за криптовалутите пред да инвестира во нив или да ги препорача на други. Инаку, во септември минатата година, Кина одлучи да го заостри својот бизнис со криптовалути, прогласувајќи ги таквите трансакции незаконски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично