ПОВЕЌЕ

    Биткоинот пред Виза и Мастеркард како метод на плаќање преку интернет во Италија

    Време зa читање: 2 минути
    Биткоин е трет најчесто користен метод на плаќање преку интернет во Италија, пред традиционалните кредитни картички како Виза, Мастеркард и Американ Експрес.


    Според новите податоци од фирмата за истражување на пазарот SEMRush, биткоинот (BTC) е трет најпосакуван метод на плаќање преку интернет во Италија.

    Италијанскиот весник La Stampa објави дека фирмата за маркетинг аналитика со седиште во Бостон соопшти дека биткоинот се наоѓа на третото место зад PayPal и италијанскиот PostePay на списокот на најчесто користени методи на системи за плаќање преку интернет во Италија.

    Податоците откриваат дека италијанците користат биткоин за да купуваат преку интернет повеќе од традиционалните кредитни картички, како што се Виза, Мастеркард или Американ Експрес.

    Според La Stampa, биткоинот се користи повеќе од 215.800 пати месечно за набавки преку интернет во Италија, додека Американ Експрес се користи само 189.000 пати месечно. Виза, Мастеркард и другите кредитни картички заостануваат со само 33.950 онлајн трансакции месечно.

    Услугата за плаќање преку интернет со седиште во Калифорнија, Paypal останува неспорен избор за плаќање преку интернет во Италија со околу 1,3 милиони трансакции за плаќање месечно. Италијански процесор за плаќање PostePay го прати со речиси 1,2 милиони месечни трансакции.

    Вреди да се напомене дека податоците не го зеле предвид бројот на сметки Paypal и PostePay поврзани со кредитни картички.

    La Stampa напиша дека во 2018 година вкупното трошење за е-трговија е над 40 милијарди евра, при што 62% од италијанците прават барем една набавка преку интернет таа година.

    Извор: Cointelegraph

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично