
Продуктивноста на трудот останува еден од најголемите предизвици за македонската економија. Светска банка со години предупредува дека македонски работник создава значително помала додадена вредност од работник во Германија или Словенија. Истовремено, сè почесто се отвора дебата дали во Македонија навистина се наградува трудот и резултатите. Универзитетскиот професор Синиша Наумоски, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ смета дека државата мора да создаде култура во која работата, продуктивноста и успехот ќе бидат највреднувани. Неговата порака е директна и сигурно ќе предизвика реакции.
Следете нè.
„Ние сме народ кој мисли дека парите сами ќе дојдат и вие не треба ништо да работите. Па имате такви некои бизниси со мрежни чуда врагови. Нема такво нешто. Без мотика немате пари. Јас не познавам таква философија.“
Аналитика








