Без берзански трансакции сопственикот го промениле 7.467 акции. Минатата недела биле извршени 31 нетрговски трансфер, а акциите се издадени од 16 друштва.
Најбројни се трансферите – четири, со акции на Алкалоид: 120 во понеделник, 200 во вторник, 517 во четврток и 421 обична акција во петок. Просечната цена на фармацевтската акција е 24.182,09 денари.
Во три наврати се процесуирани акции на Комерцијална банка – по првичните 2 уследиле 200, па 20. Се работи за најтргуваната акција на Македонска берза, со моментаален просек од 26.500 денари.
Исто така, имало три трансакции со вкупно 1.817 акции на Гранит. Најголемиот транфер е со 1.000 акции, а наредните со 760 и со 57 обични акции. Последното берзанско тргување е со датум 4 јуни, а просечната цена е 1.500 денари.
Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала и осум двојни трансакции.
Македонски телеком се појавува во вторник со 1.000 и во петок со 116 обични акции. Оваа акција минатиот месец беше втората најтргувана на Берзата, а има просечна вредност од 499,18 денари.
Една, а потоа 20 акции се трансферирани од издавачот Титан Усје. Имаат просечна цена од 47.000 денари.
По две трансакции се изведени со акциите на три РЖ компании. РЖ Економика е застапена со 28 и со 18 обични акции; РЖ Интер-Трансшпед со 30 и 19; РЖ Техничка контрола со 12 и 7 обични акции.
Дупли преноси се направени и со акции на Либерти – 500 и 610; на Уготур – 32 и 20; како и на АрцелорМиттал (ХРМ) – 573 и 366 обични акции.
Забележани се и пет единечни нетрговски трансфери. Сопственоста е променета кај 660 акции на Макстил, 100 на РЖ Услуги, 53 на ЗК Пелагонија Битола; 3 на Макпетрол и кај 2 обични акции на Аутомакедонија.
Аналитика








