ПОВЕЌЕ

    Берлин им помага на техно клубовите со по 81.000 евра за клуб

    Време зa читање: 2 минути

    Германија донела одлука за финансиска поддршка на техно клубовите, по кои Берлин е познат, со цел ублажување на економските последици од пандемијата на корона вирусот.

    Овој вид на помош е во просек „тежок“ околу 81 000 евра по клуб, а е наменет за најпознатите ноќни клубови, кои се магнет за туристите и локалното население. Основната идеја е да се поддржи опстанокот на овие места сè додека не се укинат сите ограничувања, како превенција од ширењето на инфекцијата.

    Прашањето за помош за технички клубови го покрена Зелената партија во парламентот, по што берлинските власти донеле одлука да им дадат поддршка на овие угостители.

    Според Local.de, стимулациите ќе бидат наменети за 46 компании кои управуваат со 46 ноќни клубови. Покрај техно клубовите, подготвена е помош и за концертните сали.

    Од почетокот на пандемијата, односно од 14 март, сите клубови престанаа да работат. Во меѓувреме, некои ги отвориле своите бизниси, претежно оние што имаат поголеми отворени тераси, но сè уште не им е дозволено да примаат голем број посетители. Ако оваа ситуација продолжи, многу од нив ќе бидат принудени да стават клуч на брава.

    Од таа причина, Берлин веќе финансира компании кои организираат културни настани, со 30 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично