ПОВЕЌЕ

    Постојано аплицирам, а не добивам повратен одговор” – број 1 проблем на Македонците при потрагата по работа

    Време зa читање: 3 минути

    Најтешкиот дел во пронаоѓањето на нова работа е самиот процес на потрага. Тоа е период кога ја праќате вашата биографија и чекате одговор, а уште потешко е кога нема да добиете никаква повратна информација. Но, има ситуации кога доаѓа моментот ви се јавуваат за интервју и ви закажуваат средба. Се тоа е супер, но местото е на другиот крај од градот. Тоа значи дека треба добро да се организирате и да стигнете на време за да не покажаете несериозност уште од самиот почеток.

    Проблемите со самиот процес на потрага по работа се многубројни, но бидејќи секој барем еднаш во својот живот се соочил со ваквата ситуација, тимот на Vrabotuvanje.mk направи анкета на тема Што најмногу ви пречи при потрата по работа?

    40% одговорија дека најмногу им пречи кога аплицираат и притоа никој не им дава повратен одговор.

    И да си одбиен фино би било да пратат едно известување на мејл, вели еден. Сите пуштаат огласи, а никој не се јавува за интервју, тврди втор. Реално е да се каже. Еден повратен одговор не чини ништо, потенцира трет.

    26% од испитаниците имаат чувство дека залудно си го трошат времето и средствата за превоз одејќи на интервјуа.

    Во приватни компании огласите се за познати лица кои се веќе ангажирани за работа. Во администрација селекцијата дава можност во т.н трета фаза да те оценуваат лица на кои директорот им дал конкретни насоки кој да добие поени. Така да, ако не средите да ве примат залудно си го трошите времето, е дел од коментарот на еден од испитаниците.

    Се е однапред наместено, тврди друг. Влегувам во втор круг и на крај одбираат друг, споделува трет.

    На 20% им смета тоа што не постои можност за онлајн интервју.

    Скајп интервју се прави насекаде низ свет, па зошто не би можело и кај нас. На неколку пати добив работа во САД од дома, а во Македонија не е возможно, вели еден.

    И онлајн е исто така добро за да не мора постојано да се патува за интервју, смета друг. Добро е првото интервју да биде на скајп доколку се работи за друг град, На овој начин се заштедува на време и пари, додава трет.

    Кај најмал дел од испитаниците (14%) им пречи немањето доволно информации за компанијата пред да аплицираат.

    Дел од коментарите беа:

    • Треба да се наведат подетални информации како што се: плата, работно време, смени и слично, вели еден.
    • Ретко кога има наведено плата, а и таму каде што има таа не е иста со таа што ти ја нудат на интервју. Секогаш е помалку, додава втор.
    • Најчесто не даваат информации за себе, само набројуваат какви се вештини треба да имаат кандидатите. Плус, скоро никогаш нема информација за висина на плата, се надоврзува трет.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично