ПОВЕЌЕ

    АНГЕЛОСКИ НА БИЗНИС-САМИТ ВО БОГОТА: Македонија е мала, но нуди добри можности за бизнис

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија и Западен Балкан нудат големи погодности и се мошне привлечни за странските инвеститори. Предностите, како поволната деловна клима и заедничките можности што ги дава регионот, ги нагласи во своите излагања Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори, кој присуствува на Меѓународниот бизнис самит во Богота. А, е во организација на најголемата деловна мрежа во светот – Интернационалната стопанска комора ICC.

    „Ниските трошоци, одличната географска поставеност и погодните климатски услови ја прават Македонија, но и целиот Западен Балкан исклучиво атрактивен за странски инвестиции. Нашиот пазар за инвеститорите од Африка, Азија и Блискиот Исток може да биде влез на милионскиот пазарот на ЕУ. Како гранки со најголем потенцијал може да ги издвоиме индустријата, ИКТ, туризмот, земјоделството, винската индустрија. Македонија е мала земја, но нуди големи можности“, истакнал Ангелоски на панелот, на кој учествувале и претседателите на стопанските комори од Франција, Белгија, Германија, Италија, Романија и од Швајцарија.

    Освен тоа, ги посочил и едноставните процедура за отворање компанија во нашата земја, како и силната определба и напорите што се вложуваат за создавање подобро бизнис окружување и за зголемување на можностите за бизнис.

    На четиридневниот Самит, како што информираат од ССК, се одржуваат и сесии за лидерство и идни трендови кои ќе ги ремоделираат различните индустрии и ќе создаваат револуционерни компании и производи. Внимание им се посветува и на иновациите и дигитализацијата, а се дискутира и за алатки кои ќе им помогнат на малите и средни претпријатија подобро да се позиционираат на меѓународниот пазар. Самитот го следат околу две илјади претставници на бизнис заедниците од триесеттина земји од Африка, Азија и Средниот Исток, Европа и САД, кои ги разгледуваа можностите за унапредување на економската соработка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично